Екс напаѓачот на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани на два пати и ги понудил услугите на Барселона, но Каталонците одбиле да потпишат со него, открива „Спорт“.
Кавани е слободен агент откако му заврши договорот со ПСЖ, но се уште нема потпишано за ниту еден клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот и се понудил на Барселона и побарал 2-годишен договор со плата од 8 милиони евра по сезона.
33-годишниот Уругваец преговараше со Бенфика, но не упсеа да ги договори личните услови, а долго време се поврзуваше и со трансфер во Атлетико Мадрид.
Јувентус исто така е опција за Уругваецот, но само доколку „старата дама“ не успее да го комплетира трансферот на Луис Суарез.