Дома Трансфер зона Аталанта претстави ново засилување

Аталанта претстави ново засилување

Aталанта после уште една сезона во која стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите во потрага по засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алексеј Миранчук пристигна од Локомотива, Кристијан Ромеро на позајмица од Јувентус, а денес е претставено уште едно засилување.

Имено, Аталанта го доведе Кристијан Пичини од Валенсија.

Пичини кој наскоро ќе наполни 28 години во Аталанта ќе пристигне на позајмица со опција за откуп на договорот за околу три милиони евра.

Овој десен бек во изминатиот период имаше големи проблеми со повредите поради што неговата кариера одеше во надолна линија, но во Аталанта очигледно веруваат дека можат да го вратат во форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…