Ѕвездата на Лион, Мемфис Депај и официјално испрати порака до клупските челници дека сака да биде продаден ова лето.
Најсилен интерес за Депај покажува Барселона, бидејќи Холанѓанецот е голема желба на новиот тренер Роналд Куман.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Мундо Депортиво“ тврди дека Каталонците веќе започнале преговори со Лион и сакаат што побрзо да го компетираат трансферот.
Депај влезе во последната година од договорот и Лион за неговата слобода бара 25-30 милиони евра, а медиумите тврдат дека можна е трампа со Самуел Умтити, кој не е повеќе во плановите на Барселона.