Дома Трансфер зона Милан „краде“ уште еден играч пред носот на Интер

Милан „краде“ уште еден играч пред носот на Интер

Младиот албански дефанзивец Мараш Кумбула воодушеви со настапите во дресот на Верона.

Кумбула го привлече вниманието на многу клубови од цела Европа, но медиумите во Италија тврдат дека е позната неговата следна дестинација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер и Лацио веќе подолго време водеа преговори со неговиот агент, но во моментов најблиску до неговиот потпис е Милан.

„Росонерите“ ќе се обидат да го повторат истото сценарио како со Сандро Тонали и да го „украдат“ играчот пред носот на градскиот ривал.

Интер има комплетен договор со играчот, но се уште не го финализира трансферот бидејќи прво треба да продаде некој од своите играчи.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Кумбула на „Сан Сиро“ за 20 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…