Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е на чекор од комплетирање на трансферот на Мараш Кумбула од Верона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кумбула го привлече вниманието на многу клубови од цела Европа, но медиумите во Италија тврдат дека е позната неговата следна дестинација.
Интер и Лацио веќе подолго време водеа преговори со неговиот агент, но во моментов најблиску до неговиот потпис е Рома.
„Волчицата“ постигна комплетен договор со Верона за трансфер вреден 30 милиони евра и сега ги договара последните детали со агентот на албанскиот репрезентативец.
Кумбула се промовираше во еден од најперспективните дефанзивци во Серија А, па сигурно ќе биде големо засилување за Рома.