Првиот голман на репрезентацијата Столе Димитриевски отпадна од конкуренција за настап за натпреварите во Лигата на Нации против Ерменија и Грузија поради позитивен тест на коронавирус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На негово место селекторот Игор Ангеловски го повика Мартин Богатинов.
Ова за Богатинов ќе биде враќање во репрезентацијата по цели четири години. Македонија на 5-ти сетпември во Скопје ќе игра против Ерменија, додека три дена подоцна ќе се сретне Грузија на гостински терен.
Во овој момент тој е член на Етникос Ахна и е капитен на овој тим.