Дома Македонски спорт Нестор, Алекс, Адеми, Тричко, Спировски…Репрезнтативците голгетерски расположени пред Ерменија! ?

Нестор, Алекс, Адеми, Тричко, Спировски…Репрезнтативците голгетерски расположени пред Ерменија! ?

Македонските репрезентивци пред собирот за натпреварот против Ерменија во Лигата на Нации имаа одличен викенд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија на 5-ти септември го игра првиот натпревар од Лигата на Нации и селекторот Игор Ангеловски може да го радува настапот на македонските репрезентативци викендот.

За викендот голови постигнуваа дури петмина репрезентативци.

Илија Несторовски во саботата постигна гол за Удинезе во пријателскиот натпревар против Виченца.

Истиот ден нешто подоцна Александар Трајковски постигна одличен гол за Мајорка во средбата против Тенерифе.

Голгетерската добра форма за Македонците продолжи и вчера во неделата. Иван Тричковски и Стефан Спировски за АЕК Ларнака погодуваа во дуелот против Апоел.

Гол постигна и Арјан Адеми за Динамо Загреб против Осијек.

Навистина може да радува ваквата форма на репрезентативците и се надеваме дека формата ќе ја пренесат и во репрезентативниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …