Македонскиот автомобилски шампион на меѓународните трки, Игор Стефановски Иџе, викендов ќе вози на ТЦР шампионатот на Италија. Од Имола, тој оптимистички најавува дека е подготвен да одговори на најновиот предизвик, иако е единствениот странец на оваа трка.
„Време е за нова трка“- оптимистички најавува Иџе од Имола. Тој ќе вози на ТЦР шампионатот на Италија. Овој викенд ќе се вози третата трка од сезоната во Имола. Иџе ќе се натпреварува на познатата стаза Автодром Енцо и Дино Ферари, чиј шарм имал прилика да го вкуси и претходно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По настапот во Хрватска, направени се одредени корекции и поправки на возилото, па доколку се’ биде во ред, тимот на Стефановски очекува борба за врвен пласман.
Интересно за оваа трка е фактот што Стефановски е единствениот странец помеѓу натпреварувачите. Иџе ќе се натпреварува заедно со 24 други автомобилисти од Италија. Поради рестрикциите и одложувањето на паневропските и светките настани, сите најквалитетни пилоти од Италија, учествуваат на оваа трка и имаат големи очекувања.
Италијанските медиуми бомбастично го најавија враќањето на Иџе на патеката. Според нив, тој е кандидат за врвен пласман.
Викендов ќе се возат две трки. Првата се вози во сабота 29.08.2020 од 14:45, а втората е веќе следниот ден во недела од 11:35. Преносот од трките ќе може да се проследи на телевизија Телма. Вечерва се возат квалификациите од 19 часот.