Дома Моторспорт Иџе и ограбен настапил на трката во Словенија

Иџе и ограбен настапил на трката во Словенија

И покрај сите проблеми, македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе настапи на трката во Илириска Бистрица во Словенија каде го освои четвртото место.

Во текот на вчерашниот ден Иџе објави дека нема да настапи бидејќи му бил украден дел од алатот за промена гуми, а според временската прогноза се најавуваше дожд.

Сепак, дождот не заврнал, па Иџе настапил и на крајот го освоил четвртото место. На првата трка во Словенија заврши како третопласиран.

Следната трка Иџе ќе ја вози на Хрватска во градот Бузет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…