Дома Топ вести Милан сака да го „украде“ Тонали пред носот на Интер

Милан сака да го „украде“ Тонали пред носот на Интер

Милан сака значително да го засили тимот за следната сезона и работи на неколку засилувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се силно заинтересирани за Сандро Тонали и сакаат да го „украдат“ пред носот на Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан сериозно за вклучил во трката за Сандро Тонали, кој важи за најголем италијански талент во моментов.

Веќе подолго време Интер се споменува како фаворит за неговиот потпис, но Милан веќе стапил во контакт со Бреша и сака да победи Интер во трката.

Весникот пренесува дека Милан веќе испратил понуда до Бреша, која е подобра од таа на Интер и изнесува вкупно 38 милиони евра.

Милан понудил 10 милиони евра за едногодишна позајмца плус 25 милиони евра за откуп и 3 милиони евра бонуси. Тонали кажал да за трансфер на „Сан Сиро“, а сега се чека одговор од Бреша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…