Скоро сигурно е дека Луис Суарез во овој преоден рок ќе ја напушти екипата на Барселона бидејќи таму повеќе не е потребен.
Куман неодамна беше промовиран во нов тренер на Барселона и се „фати“ за работа. Вчера се појавија информации од сите посериозни шпански медиуми дека преку телефонски повик го известил Суарез дека не е потребен повеќе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот кој најмногу се споменува како негова можна дестинација во овој момент е неговиот поранешен клуб, Ајакс. Тие веќе го контактирале и му ја претставиле својата понуда.
Според информациите понудата била три милиони евра и тоа е далеку од она што во овој момент го има во Барселона. Останува да се види дали ќе биде спремен да ја прифати.