Дома Трансфер зона Реал ја одреди цената, три клуба се „тепаат“ за Регилон

Реал ја одреди цената, три клуба се „тепаат“ за Регилон

Неколку европски клубови се борат за потписот на дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон, кој одигра одлична сезона во Севиља.

Левиот бек оваа сезона беше еден од најдобрите во Примера и го привлече вниманието, па за неговиот потпис се борат Евертон, Наполи и Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан реши дека за Регилон нема место во неговиот тим, па Реал Мадрид е спремен да го продаде.

„Кралевите“ за неговата слобода бараат 25 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.

Регилон беше прогласен за најдобар на својата позиција во Ла Лига за оваа сезона, откако блесна во дресот на Севиља, каде беше на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…