Дома Фудбал Oфицијално: Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид ќе игра за Атлетико

Oфицијално: Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид ќе игра за Атлетико

Како и што се најавуваше, Атлетико Мадрид го потврди трансферот на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Регилон.

Регилон во Атлетико пристигнува на едногодишна позајмица од Тотенхем.

Регилон потекнува од школата на Реал Мадрид, беше дел и од првиот тим на „кралевите“, а сега ќе го носи дресот на лутиот градски ривал.

Во договорот помеѓу Атлетико и Тотенхем нема опција за откуп, па така се очекува после завршувањето на позајмицата тој да побара нова средина или да се врати во Тотенхем.

Секако, многу ќе зависи и од неговите настапи во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пет меча за три дена: македонските младинци пред светскиот предизвик во Баку

Репрезентацијата до 15 години ќе стартува против Панама на 24 октомври. Првото издание на …