Дома Трансфер зона По именувањето на Пирло за тренер дури 10 играчи на Јувентус ставени на продажба?

По именувањето на Пирло за тренер дури 10 играчи на Јувентус ставени на продажба?

Втора сезона во низа Јувентус влегува со нов тренер. Маурицио Сари во Торино се задржа само 12 месеци. Отказ доби после испаѓањето од Лион во Лигата на шампионите.

Првите реакции од Италија се дека помеѓу Сари и „старата дама“ воопшто немало љубов, дека искусниот стратег воопшто не бил прифатен од играчите, посебно од „сенаторите“ во соблекувалната поради што не успеал да го наметне неговиот стил на игра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сари ќе го наследи многу помладиот и неискусниот во тренерските води Андреа Пирло за кого ова ќе биде прв тренерски ангажман во кариерата и со самото тоа сигурно ќе има притисок.

„Газета дело Спорт“ пишува дека после именувањето на Пирло за тренер на трансфер листата Јувентус ставил дури 10 играчи.

Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Блез Матуиди, Даглас Коста, Арон Рамзи, Федерико Бернардески, Матија Де Шиљо, Даниеле Руфани, Алекс Сандро и Данило според информациите се ставени на продажба. Ова може и не е толку големо изненадување затоа што секој од овие играчи во текот на сезоната добиваше прилично голем број критики од навивачите.

Инаку, припремите за новата сезона Јувентус ќе ги започне на 24. август. Новата сезона во Серија А ќе започне на 19 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…