Oткако како трикратен светски рекордер и осумкратен освојувач на злато на олимписките игри се прости од атлетиката Усаин Болт сакаше да стане фудбалер, но тука не беше успешен.
Тренираше со неколку клубови, а најдолго се задржа во австралискиот Централ Кост Маринерс. Во овој клуб Болт помина околу два месеци за потоа да го напушти клубот и дефинитивно да се откаже од фудбалската кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во разговор за австралиските медиуми Болт изјави дека никогаш не добил фер прилика во Маринерс.
„Мислам дека не добив фер прилика. Не ги правев работите онака како што сакав, но мислам дека бев добар во тоа. Тоа е една од оние работи кои кога ќе ги пропуштиш мораш да продолжиш понатаму“, изјави спринтерот од Јамајка.
Болт за Маринерс заигра на две пријателски натпревари и во втората дури и постигна два гола. Сепак, не успеа да се договори со клубот околу условите за договорот.