Дома Трансфер зона Јувентус ги стави Рабио и Рамзи на продажба

Јувентус ги стави Рабио и Рамзи на продажба

Aко му веруваме на „Тутоспорт“ ова лето ќе видиме голема реконструкција во Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголеми промени ќе претрпи средниот ред каде веќе замина Пјаниќ и ќе пристигне Артур.

„Тутоспорт“ тврди дека „старата дама“ ги ставила на продажба Арон Рамзи и Адриен Рабио, кои не се покажаа во својата прва сезона во Торино.

Двајцата пристигнаа како слободни агенти, па Јувентус ќе има чиста заработка од нивните трансфери, а клубот очекува да инкасира помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Најголема желба на Сари во средниот ред е Жоржињо од Челзи, па се очекува тој трансфер да биде финансиран од продажбата на Рамзи и Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…