Дома Фудбал Првиот човек на Ла Лига: Не може Перез по натпреварот да се јавува и да се жали за пенал

Првиот човек на Ла Лига: Не може Перез по натпреварот да се јавува и да се жали за пенал

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас уште еднаш испрати критики кон првиот човек на Реал Мадрид и Флорентино Перез.

Откако се врати фудбалот во Шпанија во центарот на вниманието и нешто за што најмногу се пишува е ВАР технологијата која неколку пати потфрлуваше и во натпреварите на Реал и во натпреварите на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Обвинувања има и двата табори, а повеќе се оние кон „кралевите“. Свој коментар даде и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас. Тој ја спомена ситуацијата во која претседателот на Реал Мадрид му се јавил на Луис Рубиалес, претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија.

За него Реал е заслужено на врвот, меѓутоа го критикуваше однесувањето на Перез.

„Реал Мадрид ќе биде шампион затоа што игра одлично по рестартот на сезоната. ВАР мора да се анализира, ситуации какви што имаше на натпреварите на Реал имаше и на уште многу други. Тоа не е добро ќе мора да разговараме. Како и да е не можете вие да се јавите кај претседателот на ФФШ и да се жалите дека не сте добиле пенал. Недозволиво е да се јавите само 20 минути по натпреварот и да прашате зошто немало пенало“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…