Веднаш по потврдата дека ќе играат наредната сезона во Лигата на шампионите, Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се насочија кон можните засилувања.
Претходно се тврдеше дека Феран Торес се договорил со Манчестер Сити, а сега пристигнуваат нови информации. Наводно, на мета на Гвардиола е Лаутаро Мартинез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реномираниот „Скај Спорт“ тврди дека Гвардиола ќе се обиде да го доведе Лаутаро Мартинез како замена за Серхио Агуеро кој има 32 години и Мартинез би требало да биде негова долгогодишна замена.
Оваа „операција“ за Сити ќе биде тешка затоа што Интер веќе некое време преговара со Барселона за Лаутаро и „нероаѕурите“ се фаворити за неговиот потпис.
Покрај Лаутаро, со Сити се поврзува и Калид Кулибали од Наполи.