Дома Фудбал Репрезентации На денешен ден Југославија го победи Бразил (ВИДЕО)

На денешен ден Југославија го победи Бразил (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Југославија многу често беше на врвот на светскиот и европскиот фудбал, меѓутоа освен едно олимписко злато не стигна до некое друго поголемо одличје.

На денешен ден пред точно 90 години Југославија дебитираше на Мундијалот во Монтевидео Уругвај и тогаш ја забележа една од своите најголеми победи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Репрезентацијата предводена од Бошко Симоновниќ успеа да го победи силниот Бразил со 2:1. Головите за Југославија ги постигнаа Александар Тирнаниќ и Ивица Бек, единствениот гол на Бразил беше дело на Прегуиња.

На овој турнир Југославија се прикажа во одлично светло, а по Бразил тимот на Симоновиќ славеше против Боливија со 4:0. Настапот за Југославија заврши во полуфиналето каде што Уругвај беше подобар со високи 6:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Синот на Карло Анчелоти седна на клупата на тимот кој го шокираше ПСЖ!

Карло Анчелоти неодамна го презеде водството на репрезентацијата на Бразил, а неговиот син…