Дома Трансфер зона Гендузи исфрлен од тимот, се сели во Серија А

Гендузи исфрлен од тимот, се сели во Серија А

Англиските медиуми пишуваат дека челниците на Арсенал решиле летово да го продадат младиот играч за врска Матео Гендузи.

21-годишниот играч од средниот ред пристигна на „Емирати“ пред две години од Лориент за осум милиони евра, и се покажа како добро засилување. Меѓутоа, најверојатно ова лето ќе биде продаден.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Причина за тоа е конфликтот со Микел Артета кој го отстрани од тимот по проблемот што го направи со Брајтон. Тој во текот на мечот ги навредувал фудбалерите на Брајтон велејќи им дека се обично срање и дека можат да сонуваат за парите кои тој и неговите соиграчи од Арсенал ги заработуваат.

Ваквото однесување не е прифатливо во клуб како Арсенал, па Гендузи веднаш беше остранет од тимот и му било порачано да си бара нов клуб.

Најсилен интерес за Французинот покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус, кои веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…