Фудбалерот на Марсеј, Матео Гендузи се соочи со непријатна ситуација откако на сред натпревар дозна дека неговиот дом бил мета на крадци.
За време на грабежот во домот на Гендузи била неговата сопруга со уште неколку члена на семејството. Сопругата на фудбалерот навреме ги забележала крадците и повикала полиција, па така сторителите си заминале со само еден „Ролекс“ часовник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најважно е што никој не бил повреден. Гендузи информацијата ја доби за време на пријателскиот натпревар на Марсеј со Баер Леверкузен, а засега полицијата не успеала да ги индетификува крадците.
This was the moment Mattéo Guendouzi was informed that his home was burgled during Marseille’s pre-season match vs Bayer Leverkusen.
— Get French Football News (@GFFN) August 4, 2023
His wife & child were home at the time – his wife was able to get the intruders to flee after taking a single €20k Rolex.pic.twitter.com/XAIiW8GPpX