Дома Фудбал Останато Луд план на ФИФА: На Мундијалот во Катар ќе судат и роботи!?

Луд план на ФИФА: На Мундијалот во Катар ќе судат и роботи!?

ВАР беше првото влегување на технологијата во фудбалот,  а ФИФА изгледа има намера да оди чекор подалеку и тоа на Светското првенство во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светското првенство во Катар е закажано за две години и на него може да се користат роботи како судии. Јоханес Холцмилер кој е директор за технологии во ФИФА изјави дека се размислува роботи да ги заменат линиските судии.

Ваквата технологија би можела да се тестира на клупското Светско првенство на крајот на ова агодина, а потоа да се донесе конечна одлука дали ќе биде користена на Мундијалот.

Идејата е роботот цело време да бие во линија со последниот дефанзивец и да „влече линиј“, ако некој се најде во офсајд тие ќе испраќаат аларм до главниот судија на натпреварот.

„Идејата е да се забра прегледувањето на снимките и да се олесни работата на ВАР. Линиите за офсајд нема да ги влечат судиите во ВАР-собата туку роботите и така целиот процес ќе биде побрз“, најави Холцмилер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …