Дома Фудбал Пике провоцира: Требаше да глумиме

Пике провоцира: Требаше да глумиме

Барселона синоќа испушти важни бодови на гостувањето кај Селта во последните моменти и одигра 2:2.

Реал денес со евентуална победа над Еспањол ќе остане сам на табелата и ќе се оддалечи со два бода разлика.

Она што дополнително ги налути Каталонците е фактот што нивниот поранешен играч Рафиња успеа да избори „сомнителен“ слободен удар, а по неговото изведување беше постигнат и голот на Аспас за конечни 2:2.

После мечот Пике испрати порака на Твитер: „We were fated to pretend. To pretend”,, што е насловот на песната на американскиот бенд МГМТ, а во превод тоа би значело: „Ние требаше да глумиме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал откри што му кажал Мората пред натпреварот со Бразил

Ламин Јамал се присети на разговорот со Алваро Мората пред пријателскиот натпревар меѓу Шп…