Дома Топ вести Солскјер добива голем буџет: Ова се трансфер желбите

Солскјер добива голем буџет: Ова се трансфер желбите

Пандемијата од коронавирусот донесе големи финансиски загуби кај фудбалските клубови, но Манчестер Јунајтед е финансиски стабилен и ќе има огромен буцет за трансфери ова лето.

Англиските медиуми тврдат дека Соскјер има четири мети и дека е спремен ова лето да потроши неверојатни 250 милиони фунти.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Прва мета е Калиду Кулибали од Наполи. ПСЖ се откажа од дефанзивецот и сега Манчестер Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис. После просечната сезона во Наполи неговата цена во моментов изнесува околу 70 милиони евра.

Најголемата желба е Џадон Санчо, меѓутоа Борусија не брза да го продаде, па и понатаму инсистира на 100 милиони фунти. Сепак, Јунајтед се надева дека поради новонастанатата ситуација ќе успее да ја намали цената на фудбалерот.

Тука е и Џек Грилиш, офанзивниот играч за врска на Астон Вила. „Црвените ѓаволи“ и понатаму се заинтересирани за капитенот на Вила, а за неговиот трансфер ќе биде неопходно да издвојат околу 80 милиони евра.

Четвртиот фудбалер кој треба да пристигне на „Олд Трафорд“ е напаѓачот на Лион, Муса Дембеле. За неговиот потпис „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…