Катја Авеиро, сестрата на Кристиано Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија од куќата во која растеле.
Животот на Роналдо бил далеку поинаков од оној кој го има во последните 15-тина години. Тој потекнува од сиромашно семејство, меѓутоа благодарение на неговиот талент направи фантастична кариера и прерасна во еден од најдобрите играчи во историјата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес Роналдо и неговото семејство уживаат во луксуз, а сестрата на Португалецот не се срами од своето минато.
„Родена сум во стара куќа мојот кревет беше на цигли, стаорец ме гризна за лицето кога бев дете. Не се срамам тоа да го кажам, растев во сиромашен дел. Благодарение на тие моменти, семејството на Кристиано Роналдо стана пример за единствно. Го делиме секој успех затоа што така не научи нашата мајка“, напиша помеѓудругото Катја Авеиро на Инстаграм.