Дома Фудбал Рамос сам има постигнато повеќе голови од три легенди на Барса, двајца не се стопери

Рамос сам има постигнато повеќе голови од три легенди на Барса, двајца не се стопери

Серхио Рамос неколку години наназад важи за еден од најдобрите стопери во фудбалот, меѓутоа освен што одлично си ги завршува работите во одбраната Рамос добро се снаоѓа и пред противничкиот гол.

Како капитен на Реал Рамос е вистински лидер и импресивно е како се снаоѓа во противничкиот шеснаесетникот. Неодамна Карло Анчелоти за него изјави дека неговиот најголем квалитет е што игра најдобро кога е тоа најпотребно.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Рамос во натпреварот за викендот против Еибар постигна гол за 2:0 и со тој погодок шпанскиот стопер стигна до бројката од 92 гола во кариерата. Тоа е навистина импресивна бројка за еден одбранбен играч.

Тежина оваа бројка добива ако се знае дека Иниеста, Бускетс и Пујол во Барселона во кариерата заедно постигнаа 91 гол. Ќе потсетиме Иниеста и Бускетс не беа стопери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…