Раководството на Челзи спрема голема „чистка“ ова лето и е спремно да се раздели со шест фудбалери, пренесуваат англиските медиуми.
Станува збор за напаѓачот Мичу Батчуаи, Виктор Мозес, Мани Дринквотер, Тиму Бакајоко, Давиде Запакоста и Емерсон Палмери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овие фудбалери не влегуваат повеќе во плановите на тренерот Лампард, па „сините“ ќе се обидат да ги продадат и да заработат од нивното заминување.
Со нивната продажба Челзи сака да финансира дел од летнатите трансфери, а на листата желби се Тимо Вернер, Бен Чилвел и Каи Хаверц.
Челзи планира да добие околу 25 милиони фунти за Бакајоко, 15 милиони за Батчуаи, 20 милиони за Емерсон и околу 10 милиони за Моузес.
На Запакоста и Дринквотер ова лето им истекува договорот па ќе го напуштат клубот како слободни агенти.