Дома Топ вести Јувентус и Ливерпул се „тепаат“ за ѕвездата на Лион

Јувентус и Ливерпул се „тепаат“ за ѕвездата на Лион

Француските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Ливерпул ова лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лион.

Станува збор за 20-годишниот Хусем Оар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Оваа сезона блесна во дресот на Лион и одигра 37 меча во сите конкуренции, на кои постигна 9 гола и запиша 7 асистенции.

Јувентус веќе ја испрати првата понуда за двегодишна позајмица и да го откупи после истекот на позајмицата, но таквата понуда беше експресно одбиена од Лион.

Цената на фудбалерот се движи околу 30 милиони евра, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …