Дома Фудбал Ловрен до Салах: Слушам си платил гориво за сите, може ли за мене барем кафе?

Ловрен до Салах: Слушам си платил гориво за сите, може ли за мене барем кафе?

Мохамед Салах го привлече вниманието откако на сите кои се нашле таму кога тој бил на една бензинска пумпа им ги платил сметките за гориво.

Овој гест на Салах секако наиде на многу позитивни коментари и одобрување од јавноста. Интересен беше коментарот на Дејан Ловрен.

„Слушнав дека Мо Салах ги платил сметките за горива на сите на бензинска пумпа. Тоа е навистина одлично. Па, може ли некогаш и мене да ми платиш барем едно кафе? Обично си „скржавец“ и изненаден сум, но секоја чест“, гласи пораката на Ловрен.

Ловрен и Салах инаку се подготвуваат за рестартот на Премиер лигата, а на 21 јуни ги чека градското дерби со Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…