Мартин Брајтвајт пристигна во Барселона во февруари како замена за повредениот Луис Суарез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Данскиот напаѓач пристигна поради големата криза која ја имаше Барселона со напаѓачите, а платен на Леганес беше 18 милиони евра.
Брајтвајт долго преговарал со каталонскиот гигант, а поради бројните разговори сопругата помислила дека ја изневерува.
„Имав бројни разговори, но на никого не му кажав, дури ниту на сопругата. Почна да се сомнева дека нешто се случува и дека ја изневерувам бидејќи секогаш излегував надвор кога зборував на телефон“, изјави Данецот.
На крајот сепак се се дознало, а данскиот напаѓач го потпишал напаѓачот на животот.
Во досегашниот дел од сезоната тој одигра три натпревари и немаше некој учинок.