Дома Останати Тенис Надал: Потребна е вакцина, не можеме доживотно да се дистанцираме

Надал: Потребна е вакцина, не можеме доживотно да се дистанцираме

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е среќен поради враќањето на терен, но и е свесен дека пандемијата од коронавирусот ќе влијае на глобалната иднина.

Поранешниот прв рекет во светот кој како и сите други спортисти ширум светот беше во двомесечна самоизолација, а сега продолжи со тренинзи на терените на својата академија во Мајорка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Конечно можеме да се вратиме на терените. Мило ми е што повторно децата можат да играат. Среќни сме тоа е важно за сите нас. Секако сакам на турнирите да има полни трибини, но мораме да бидеме трпеливи, потребна ни е вакцина. Не можеме доживотно да се дистанцираме“, изјави Надал.

Инаку, Надал е против ставот на Ѓоковиќ кој не е за задолжително вакцинирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер гази, брка подвиг каков што никој не направил девет години!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер оствари победа над Александар Зверев со резултат 2:0, со…