Ла Лига ќе го доживее својот рестарт на 11 јуни, а деновите пред првиот меч раководството на натпреварувањето тестира различни начини за да ги вклучи навивачите во дуелите.
Локалното дерби меѓу Севилја и Бетис се игра на 11 јуни, по три месеци, а потвррдено е дека натпреварите ќе се играат секој ден до 19 јули.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На трибините нема да има навивачи, меѓутоа тоа не значи дека фудбалерите нема да добијат поддршка. Управата на лигата веќе некое време тестира различни методи за подобрување на условите.
„Тестираме нов метод на пренос на натпревари, кои навивачите преку своите ТВ-екрани ќе мже да изберат една од две опции.вистинска слика без дополнителни подобрувања на звукот или пак слика следена со виртуелно навивање на навивачите“, кажа Тебас.
Ќе потсетиме во Данска навивачите се вклучуваа директно на теренот преку видео бимови со помош на „Zoom“ апликацијата.