Дома Трансфер зона Официјално: Икарди е играч на ПСЖ

Официјално: Икарди е играч на ПСЖ

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда – Мауро Икарди е играч на ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Икарди оваа сезона играше на позајмица во ПСЖ, па двата клуба пред неколку дена започнаа преговори за перманентен трансфер. Интер од продажбата ќе добие 50 милиони евра плус 8 милиони во име на бонуси.

Икарди потпиша договор со ПСЖ до 2024 година, а годишно ќе заработува 10 милиони евра.

Аргентиенот одлично се вклопи во тимот на ПСЖ и оваа сезона на 28 меча постигна 20 гола, со што ги убеди „светците“ да го откупат неговиот договор.

Двата клуба денес го потврдија трансферот и Интер му се заблагодари на напаѓачот за годините поминати во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…