Според медиумите од Островот, Левин Курзава од ПСЖ треба да биде првото засилување на Арсенал за новата сезона.
Артета не е задоволен од Колошинац на левата бековска позиција и смета дека Куразава ќе биде идеално засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
27-годишниот Курзава ќе биде слободен агент на крајот на сезоната и сега има право да преговара со заинтересираните клубови. Француските медиуми тврдат дека постигнал комплетен договор со „топџиите“.
Курзава оваа сезона одигра 23 меча за ПСЖ на кои постигна 1 гол и запиша 2 асистенции, а на „Емирати“ ќе пристигне без обештетување.