Дома Фудбал Роналдо го одработи првиот тренинг по 72 дена, па испрати порака (ФОТО)

Роналдо го одработи првиот тренинг по 72 дена, па испрати порака (ФОТО)

Кристиано Роналдо после повеќе од два месеци одработи тренинг во Торино.

Уште во март Роналдо ја напушти Италија и се врати во Португалија каде што беше со семејството во текот на пандемијата со коронавирусот. На почетокот на овој месец тој се врати во Италија, а денес го одработи и првиот тренинг.

После карантинот од 14 дена Португалецот се појави во тренинг центарот. Прво беше тестиран на Ковид-19, а од кога тестот се покажа негативен можеше да се врати на обврските.

По тренингот Роналдо испрати и порака на друштвените мрежи.

„Кога ќе станеме трпеливи и доследни пронаоѓаме начин како да ги надминеме потешкотиите“, порача 35 годишниот Португалец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол и место во идеалниот тим: Додев се истакна во дресот на Алтаи

Дарко Додев беше стрелец во ремито на Алтаи со Јелимај Семеј и се најде меѓу најдобрите во…