Дома Трансфер зона Гетафе го купува играчот на Барса и го препродава на Островот

Гетафе го купува играчот на Барса и го препродава на Островот

Клубовите од Премиер лигата покажуваат сериозен интерес за услугите на стандардниот првотимец во дресот на Гетафе, Марк Кукурела.

Офанзивниот лев бек е во сопственост на каталонскиот гигант Барселона, но оваа сезона игра во Гетафе, кој има опција да го откупи за 6 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


21-годишниот Шпанец игра одлична сезона, па Гетафе реши да го откупи пред истекот на позајмицата, а на лето ќе се води голема битка за неговиот потпис.

Челзи е најсериозен кандидат за неговиот потпис и „сините“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Се очекува лондонскиот клуб наскоро да испрати понуда од 25 милиони фунти.

Кукурела потекува од школата на Барселона, но никогаше не доби шанса во првиот тим и постојано беше испраќан на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…