Дома Топ вести Барса се откажа од него, сега прави голем трансфер во Челзи

Барса се откажа од него, сега прави голем трансфер во Челзи

Лондонскиот премиерлигаш Челзи е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на стандардниот првотимец во дресот на Гетафе, Марк Кукурела.

Офанзивниот лев бек беше во сопственост на каталонскиот гигант Барселона, но оваа сезона играше во Гетафе, кој го откупи за 6 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


21-годишниот Шпанец одигра одлична сезона, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Челзи е најсериозен кандидат за неговиот потпис и „сините“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Се очекува лондонскиот клуб наскоро да испрати понуда од 25 милиони фунти.

Кукурела потекува од школата на Барселона, но никогаше не доби шанса во првиот тим и постојано беше испраќан на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …