Поранешниот дефанзивец, Андреа Барзаљи реши да го напуши Јувентус ова лето без разлика на одлуките на Маурицио Сари за следната сезона.
Искусниот стопер одлучи дека улогата на тренер на дефанзивците кои ја доби до 2019 година не е предизвик за да остане во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека не се работи за некој проблем или конфликт, туку едноставно во периодот без фудбал, поранешниот дефанзивец сфатил дека е премногу оддалечен од семејството и треба да минува повеќе време со нив.
„Денеска решив да и дадам предност на една фамилија на сметка на другата, Јувентус, со која секогаш ќе бидам поврзан и на која ќе и бидам вечно благодарен. Мојата благодарност најмногу е упатена до луѓето кои секогаш беа лично и професионално блиски со мене. Луѓето кои влијаеја на мојот раст и кои овозможија дискретна и пријателска разделба“, стои во соопштението на Барзаљи.
Барзаљи цели девет години беше член на Јувентус и го формираше одличното дефанзивно трио со Киелини и Бонучи.