Дома Фудбал Италија Барзаљи: Јувентус никогаш немал посилен тим!

Барзаљи: Јувентус никогаш немал посилен тим!

Јувентус веќе седум години доминира во италијанската Серија А, а ова лето дополнително се засили и ја отвори сезоната со три стартни победи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, целта оваа сезона на „бјанконерите“ е освојување на лигата на шампиони, поради што е доведен Кристиано Роналдо.

Искусниот дефанзивец Барзаљи тврди дека Јувентус никогаш претходно немал посилен тим.

„Тоа што Роналдо нема постигнато гол воопшто не не загрижува. Задоволство е да се тренира со него бидејќи пренесува позитивна енергија. Дава нешто повеќе во нашата соблекувална. Има неверојатен карајтер и желба секогаш да биде најдобар. Роналдо е тој кој секогаш го влечи тимот напред“, изјави Барзаљи.

„Ова е најдобриот тим кој Јувентус го имал години наназад. Барем на хартија е така, но се смета само она што ќе биде постигнато на терен. Силно го посакуваме трофејот во Лига на шампиони, загубивме две финалиња. Одлучуваат нијанси и сакаме да ја искористиме секоја шанса“, додаде искусниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Детали за состојбата на Фергусон откако му се слоши на натпреварот против Ливерпул

Фергусон, според aнглиските медиуми се закрепнува откако му се слоши на Олд Трафорд измина…