Дома Фудбал Буфон: Мбапе? Барзаљи беше во право

Буфон: Мбапе? Барзаљи беше во право

Килијан Мбапе со само 19 години е еден од најдобрите фудбалери на светот.

Младата ѕвезда на ПСЖ на теренот делува потполно незапирливо и доста е ценет кај противниците.

Дека Мбапе ќе биде голем играч знаеше и голманот на ПСЖ, Џиџи Буфон, кој ова лето пристигна од Јувентус и кој откри интересна конверзација со соиграчот Андреа Барзаљи.

„После натпреварот во ЛШ против Монако разговарав со Барзаљи, еден од моите најдобри пријатели. Ми рече: Џиџи, во 20 години кариера немам видено толку брз играч. Толку брзо трчи со топката и има многу проблеми да го чувам.“ – изјави Буфон и додаде:

„Овие зборови имаат голема тежина, бидејќи кога Барзаљи е потполно сконцентриран и здрав, тој е страшен дефанзивец. Од неговоите зборови јасно е дека Мбапе не нешто друго во однос на другите.“

Мбапе и оваа сезона заедно со Нејмар и Кавани ќе биде ударната каписла на ПСЖ на патот кон трофеите, а дополнителна сигурност во тимот донесе и легендарниот Џиџи Буфон.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…