Дома Фудбал Се заканува ли откажување на Ла Лига? Еден од најважните играчи на Атлетико позитивен на Ковид-19!

Се заканува ли откажување на Ла Лига? Еден од најважните играчи на Атлетико позитивен на Ковид-19!

Ла Лига се спремаше за враќање, Барселона тренираше денес откако вчера ги направија тестирањата, Реал Мадрид пак денес ги тестираше своите фудбалери, а утре би требало да го одработи првиот тренинг. Сепак сега се појави проблем – бекот на Атлетико, Ренан Лоди е позитивен на коронавирус!

Според одредени информации Бразилецот и претходно имал симптоми на Ковид-19, но не се тестирал. Сепак, тоа мораше да го направи пред собирот во Атлетико и неговиот тест се покажал како позитивен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот кој оваа сезона одигра 22 натпревари за Атлетико наредните десет дена ќе мора да ги помине во карантин. Тогаш ќе му биде направен нов тест и во случај да биде негативен ќе може да им се приклучи на соиграчите.

Лоди сезонава посебно се истакна во натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…