Милан во јануари го донесе на шестмесечна позајмица искусниот дефанзивец Симон Кјаер.
Кјаер покажа одлични игри и Милан сакаше да го откупи, па брзо најде заеднички јазик со Севиља, која е сопственик на неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во договорот за шестмесечна позајмица на Кјаер, „росонерите“ имале опција да го откупат неговиот договор за 2,5 милиони евра на крајот на сезоната.
„Калчомеркато“ пренесува дека Милан ја известил Севиља дека ќе ја плати потребната сума и ќе го откупи договорот на Данецот.
? Report claims #ACMilan will announce signing of Kjaer from Sevilla imminentlyhttps://t.co/4Vh9IE32F0 #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) May 7, 2020