Ветеранот Симон Кјаер по 15 години и 132 настапи во дресот на Данска одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.
Повлекувањето од националниот дрес, Кјаер го објави на социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одлучив да се повлечам по 15 одлични години. Тажен сум затоа што чувството на единство кога сум во репрезентацијата ми значеше многу. Кога имав четири години и почнував да играм фудбал, не можев ниту да замислам дека ќе учествувам на шест Светски и Европски првенства, а ќе одиграм 132 натпревари.
Горд сум за големата привилегија да бидам и капитен во последните осум години. Благодарност до сите, Федерацијатам тренерите, персоналот, сите соиграчи, навивачите…“, порача Кјаер.