Дома Фудбал Италија Виери до Дел Пиеро: Доста со тој 5. мај, ме уништи!

Виери до Дел Пиеро: Доста со тој 5. мај, ме уништи!

Легендите на фудбалската игра во моментите кога фудбалот е парализиран се дружат преку Инстаграм. За викендот интересен разговор имаа Алесандро Дел Пиеро и Кристијан Виери.

Откако зборуваа на различни теми Дел Пиеро му постави прашање на Виери со кое го „извади од такт“ па легендарниот Бобо го прекина разговорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се сеќаваш кога ти кажав разговорот на Инстаграм да го направиме на 5. мај?“, праша Дел Пиеро.

„Не, не требаше тоа да го кажеш. Ме уништи со тој 5. мај. Не ми даваш да спијам. Остави ме на мира“, гласеше одговорот на Виери.

Станува збор за последното коло од Серија А во 2001/2002 Интер влезе како лидер, но „нероаѕурите“ изгубија од Лацио со 4:2, додека Јувентус со 0:2 го победи Удинезе и стана шампион на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…