Милан ова лето сака да ја засили одбраната, а прво има не списокот е младиот француски талент Мохамед Симакан.
19-годишниот Французин оваа сезона блеска во дресот на Стразбур и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Симакан оваа сезона одигра 25 меча во сите натпреварувања за Стразбур и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе испратил понуда од 15 милиони евра, а агентот потврди дека неговиот клиент е спремен да се пресели во Серија А.
„Симакан е посакуван од многу клубови во Италија, Шпанија и Англија. Се уште не донел конечна одлука, но Милан тешко може да се одбие. Малдини е Малдини“, изјави агентот на Симакан.