Милан бара засилување во одбраната и најголема желба во зимскиот преоден рок ќе биде големиот француски талент, Мохамед Симакан.
20-годишниот Французин минатата сезона блесна во дресот на Стразбур и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Симакан одигра 25 меча во сите натпреварувања за Стразбур и го привлече вниманието на многу европски клубови, а со добрите игри продолжи и оваа сезона.
Директорот Малдини призна дека преговорите се во тек, а медиумите тврдат дека играчот веќе се договорил со „росонерите“.
Последните информации се дека двата клуба се блиску до договор за трансфер тежок 15 милиони евра.