Англиските медиуми денес пишуваа за летниот преоден рок кој сигурно ќе биде поинаков од претходните.
Поради пандемијата од коронавирусот фудбалските првенства ќе траат подолго, па поради тоа преодниот рок нема да стартува на 1. јули како што е вообичаено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првенствата во Европа би требало да започнат кон крајот на мај и почетокот на јуни и според планот тие би завршиле до 31. јули. Потоа би следувал период во кој би се доиграле натпреваите од Лигата на Европа и Лигата на шампионите.
Кога се ова ќе заврши кон крајот на август може да се отвори преодниот рок, паузата ќе биде пократка помеѓу двете сезони, па така и преодниот рок. Сепак, ќе се чека да официјалната потврда од ФИФА за точните датуми.