Дома Фудбал Виери: Во Атлетико секоја вечер излегувавме, пиевме и се шетавме, но бев најдобар стрелец

Виери: Во Атлетико секоја вечер излегувавме, пиевме и се шетавме, но бев најдобар стрелец

Кристијан Виери долго време беше еден од најдобрите стрелци во Европа и освен во Италија играше уште и во Шпанија.

Виери една година беше дел од Атлетико Мадрид и во сезоната 1997/1998 беше вистински хит и со 24 гола зад себе ги остави ѕвездите на Барселона, Ривалдо (19) и Луис Енрике (18).

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сега Виери откри дека освен што му одело одлично на играчки план, откри и дека добро се забавувал во вечерните часови.

„Кога бев во Мадрид излегував секоја вечер, не одев сам, сите излегуваа и јас не можев да седам дома. Но, бев најдобар стрелец. Одевме доцна на вечера, а потоа пиевме и се шетавме“, изјави Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стрелаше во финалето на Голд Купот и прославата ја посвети на загинатиот Диого Жота

МЕКСИКАНСКИОТ напаѓач Раул Хименез му оддаде почит на загинатиот поранешен соиграч Диого Ж…