Играчот на Ливерпул, Наби Кеита кариерата би можел да ја продолжи во Бундеслигата.
Како што пренесува Билд, овој 25-годишен играч од средниот ред е на излезните врати во Ливерпул и наводно веќе е договорено да се врати во Лајпциг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така, тој треба да стане првото засилување за овој германски тим за наредната сезона, а се треба да биде завршено откако ќе заврши сезоната.
Кеита ќе се врати во германскиот клуб кој во 2018. година го продаде на Ливерпул за 60 милиони евра и каде го изгради своето фудбалско име.
Претходно овој фудбалер од Гвинеја играше уште и за Салзбург и Истрес, а за Ливерпул претходните две сезони настапи на 51 натпревар и постигна шест погодоци.