Дома Фудбал Останато Занети се огласи враќањето на Икарди и индината на Лаутаро

Занети се огласи враќањето на Икарди и индината на Лаутаро

Потпретседателот на Интер Хавиер Занети смета дека Мауро Икарди нема да се врати во миланскиот клуб, а додаде и дека Лаутаро Мартинез сигурно ќе остане на „Џузепе Меаца“.

Икарди во овој момент е на позајмица во ПСЖ, а францускиот клуб има опција да го откупи од Интер за 70 милиони евра. Сепак, во последно време се пишува дека Аргентинецот може да се врати во Италија и тоа во Јувентус или Наполи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Во овој момент не разговараме за преодниот рок. Најважно е здравјето. Сепак, можам да ви кажам дека не знам дали Икарди ќе се врати, мислам дека не“, изјави Занети.

Низ медиумите во последните денови се шпекулира и за Лаутаро Мартинез дека би можел да оди во Барселона.

„Тој е среќен во Интер, се идентификува во клубот. Ние веруваме во него, тој е иднината на Интер“, порача Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Политиката се меша во спортот: Иран бара Америка да го загуби Мундијалот?! 

Политичките тензии помеѓу САД и Иран се прелеаја и на спортот, па во јавноста се отвори пр…